Трагедија кај Омиш – пожарот го однесе првиот живот. Безживотно тело е пронајдено денеска на опожареното подрачје додека полицијата вршела увид по пожарот.
Телото било пронајдено околу 13:30 часот, соопшти Сплитско-далматинската полиција. Засега нема официјални информации за идентитетот на жртвата ниту за околностите под кои настрадала.
„Ве известуваме дека при увидот на изгорената површина околу 13:30 часот, полициски службеници пронајдоа тело на едно лице. На местото на пронаоѓањето на телото ќе се спроведе истрага, предводена од надлежниот државен обвинител со помош на полицијата“, соопшти Сплитско-далманската полициска управа.
Ова е првата, и засега единствена, жртва по огромниот пожар што го уништува Омиш од синоќа.
На местото на настанот ќе се спроведе увид на лице место, предводен од надлежниот државен обвинител со помош на полицијата.
Засега не се објавени информации за идентитетот на починатиот или околностите на неговата смрт. Повеќе детали треба да бидат познати по увидот на лице место.
Вкупно 40 пациенти повредени во пожарот беа згрижени во Сплитската болница во текот на ноќта и утрото, од кои 14 беа хоспитализирани. Седум лица се на респиратор – шест возрасни и еден малолетник на возраст од 17 години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата