43-годишен државјанин на Северна Македонија, З. А., е уапсен во Србија под сомнение дека се обидел да поткупи сообраќаен полицаец. Случајот се случил откако на Македонецот му била побарана казна за сторен сообраќаен прекршок, по што, според сомнежите на полицијата, тој понудил поткуп за да ја избегне санкцијата.
Како осомничен, во понеделник тој им понудил на полицајците од Управата за сообраќајна полиција подарок во форма на пари, за да не му издадат прекршок за сообраќајни прекршоци откако го пречекорил ограничувањето на брзината додека управувал со патничко возило на автопатот и се движел по левата лента, додека десната лента била слободна за возење, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа и ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.
Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата ќе продолжат со својата работа во борбата против корупцијата и финансискиот криминал на територијата на Србија се вели во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата