„Култен“ стогодишен киоск во Загреб доби нов Божиќен изглед

Vecer | 11.12.2024

„Култен“ стогодишен киоск во Загреб доби нов Божиќен изглед
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

 Трафиката, имено, сјае од стари разгледници со луѓе собрани пред загрепската катедрала во народна носија, плоштадот „Бан Јелачиќ“, коњи пред катедралата...

За што всушност се работи? Музејот на Градот Загреб ги повика граѓаните да подарат стари новогодишни честитки коишто ги чуваат дома.

„Испишани или не - тие се вредни сведоштва на некои минати времиња. Со оваа донација збогатете ја нашата колекција разгледници, а за возврат ќе ви овозможиме бесплатен влез во Музејот за време на овие празници! Стара Божиќно-новогодишна честитка така станува една вленица за Музејот! Акцијата трае во текот на цел декември, со нетрпение го очекуваме вашето учество“, објави Музејот на својата интернет-страница.

Инаку, од Музејот на Градот Загреб лани најавија дека киоскот ќе служи како место за помали изложби и настани по обновувањето, но објавија и покана до сите граѓани да предложат што би сакале да видат во овој „култен“ урбан простор. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk