ХРВАТСКА НОСИ МЕРКА ПРОТИВ ЕНЕРГЕТСКАТА СИРОМАШТИЈА - Ранливите граѓани нема да бидат исклучувани од струја

Vecer | 21.08.2026

ХРВАТСКА НОСИ МЕРКА ПРОТИВ ЕНЕРГЕТСКАТА СИРОМАШТИЈА - Ранливите граѓани нема да бидат исклучувани од струја
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Хрватската Влада предлага нова мерка со која најранливите граѓани ќе добијат дополнителна заштита од исклучување на електричната енергија. Со измените на Законот за пазар на електрична енергија, кои се доставени во собраниска процедура, се предвидува забрана за прекин на снабдувањето за ранливите потрошувачи и домаќинствата погодени од енергетска сиромаштија.

„Со законот, дополнително ја зајакнуваме заштитата на потрошувачите на електрична енергија преку поголем избор на модели на договори и подобра заштита на ранливите и енергетски сиромашни потрошувачи, изјави министерот за економија Анте Шушњар на седницата на Владата.

Покрај таа мерка за заштита на потрошувачите, предложените законски измени бараат и добавувачите да воспостават систем за управување со ризици со цел да се ограничи ризикот од неисполнување на обврските на клиентите со примена на соодветни стратегии за заштита.

Според предложеното законодавство, добавувачите ќе мора да ги предупредат потрошувачите за невообичаено големо зголемување на потрошувачката на енергија, да им понудат флексибилни планови за отплата на долгот, да ги советуваат за нивниот долг, да промовираат едукација за нивните права во врска со управувањето со долгот, а исто така да им дадат пристап до финансирање, вредносни купони или субвенции за да им помогнат во плаќањето сметки.

Дополнително, законските измени предвидуваат обврска на клиентите на електрична енергија да им се понудат низа договори што најдобро одговараат на нивните околности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk