Страшна трагедија ја потресе Србија, откако 27 годишна мајка и нејзиниот тригодишен си ги загубија животите во судир меѓу патнички воз и автомобил на железнички премин кај Лалиќ и Оџаци. Силниот удар целосно го уништил возилото.
Мајка и дете утрово загинаа во сообраќајна несреќа во Србија, откако воз удрил во автомобилот во кој се наоѓале, пренесе српскиот портал Н1.
Според информациите, несреќата се случила на патот Лалиќ – Оџаци.
Во колата биле 27-годишна жена и тригодишно дете.
Пожарникарите, полицијата и службите за итни случаи интервенираат на местото на несреќата.
Од силината на ударот автомобилот бил целосно уништен – предниот дел бил откорнат, а покривот целосно згмечен. Сцените од местото на несреќата покажуваат дека по ударот возот го туркал автомобилот речиси 200 метри по пругата, а дел од распарчениот автомобил останал заглавен под самата локомотива.
Припадниците на противпожарната и спасувачката единица морале да користат специјална хидраулична опрема и да го сечат лимот од возилото за да стигнат до повредените.
– Сцените се навистина вознемирувачки. Делови од автомобилот и лични предмети се расфрлани на стотици метри долж пругата. Меѓу жителите кои пристигнуваат на местото владеат тага и неверување – јавува репортерот на „Телеграф“ од местото на несреќата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата