Притвореник во полициската станица во Загреб се обидел да убие друг притвореник. Дваесет и двегодишен маж нападнал 33-годишен државјаник на Србија додека двајцата биле сместени во просторијата за задржување лице во Полициската управа во Чрномерец, соопшти загребската полиција.
Полициската управа потврди дека физичкиот напад се случил во службените простории каде што се сместуваат лицата лишени од слобода. Според првичните информации од полицискиот извештај, 22-годишниот притвореник физички го нападнал 33-годишниот српски државјанин, нанесувајќи му повреди со намера да го лиши од живот.
Службениците кои биле на должност веднаш интервенирале за да го спречат понатамошниот напад и го разделиле напаѓачот од жртвата.
По повредувањето, на 33-годишниот маж му била укажана медицинска помош. Загрепската полиција започна криминалистичко истражување за да ги утврди мотивите за овој тек на настаните, како и точните околности под кои се случил инцидентот внатре во полицискиот објект.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата