logo
logo
logo

Хероина во грчката трагедија: Оваа бринета е на првата линија во борбата со пожарите

Vecer | 07.08.2021

Хероина во грчката трагедија: Оваа бринета е на првата линија во борбата со пожарите

Фотографии од храбра жена чие лице го покажува целиот хорор низ кој минуваат пожарникарите се појавија во речиси сите медиуми во Грција.

Катарина Јоанида беше снимена во петокот додека таа и нејзините колеги се бореа со пожарот во Афиднес. Нејзината фотографија стана вирална на социјалните мрежи и покажува низ што минуваат моментално пожарникарите во Грција.

Со црево во рацете и лице црно од чад, со денови вложува голем напор да го спаси она што може да се спаси.

Освен што го изгаси овој пожар, таа учествуваше и во гаснењето на пожарот во Анависос во септември минатата година, пишува Telegram.rs.

Катарина Јоаниду живее во Пиреја, каде со години работи во секторот за цивилна заштита како доброволен пожарникар.

- Не се плашам од пламенот и давам се од себе, бидејќи знам дека колегите нема да ме напуштат, исто како што и јас нема да ги оставам - рече Катарина во неодамнешното интервју

Љубовта кон волонтерската работа ја наследила од нејзините родители, кои ја научиле од рана возраст да им помага на другите.

Нејзините родители беа одличен пример за неа, таа ги гледаше како несебично им помагаат на луѓето кои се бореа со поплави, пожари и земјотреси.

Таа учествуваше во гаснењето на пожарот во Илија во 2007 година, во Матија во 2018 година, но и во санирањето на поплавите во Евија и Мандра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk