logo
logo
logo

ГО ПОКОСИЛ 19 - ГОДИШНИК СО ПРОБНА ДОЗВОЛА - 33 годишен мотоциклст загина по два часа борба за живот во Белград

Vecer | 21.08.2026

ГО ПОКОСИЛ 19 - ГОДИШНИК СО ПРОБНА ДОЗВОЛА -  33 годишен мотоциклст загина по два часа борба за живот во Белград

Трагично заврши тешката сообраќајна несреќа во Белград, во која животот го загуби 33-годишниот мотоциклист Микица Б. Тој бил тешко повреден на крстосница, а и покрај напорите на лекарите, починал во болница само два часа по приемот.

Лекарите вложија натчовечки напори да го спасат младиот човек, кој беше примен во болницата во бесознание и со повреди опасни по живот, но и покрај напорите на медицинскиот персонал, тој им подлегнал на тешките повреди.

Несреќата се случи вчера околу 17 часот, кога возачот на „фолксваген туран“, државјанин на Авганистан, А.М.Д. (19), кој поседува пробна возачка дозвола не го почитувал сообраќајниот знак што ги обврзува возачите да се движат право, туку свртел лево и директно удрил во мотоциклот „хонда“ управуван од повредениот Микица.

Поради силината на ударот, мотоциклистот паднал на коловозот.

Алкотестирањето покажало дека осомничениот државјанин на Авганистан нема алкохол во крвта во моментот на несреќата.

По налог на Првото основно јавно обвинителство во Белград, поднесена е кривична пријава против возачот за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk