logo
logo
logo

(ФОТО) „КОСОВО Е ВО ЕНЕРГЕТСКИ И ПОЛИТИЧКИ МРАК“ – пратеници истурија јаглен пред Владата во Приштина

Vecer | 23.08.2026

(ФОТО) „КОСОВО Е ВО ЕНЕРГЕТСКИ И ПОЛИТИЧКИ МРАК“ – пратеници истурија јаглен пред Владата во Приштина

Пратеници на Алијансата за иднината на Косово (ААК) со несекојдневен протест пред Владата во Приштина, каде истурија јаглен во знак на незадоволство од енергетската ситуација во земјата. Од ААК порачаа дека Косово, освен во енергетски, се наоѓа и во „политички мрак“, додека пратеникот Бурим Рамадани оцени дека земјата во последните години преминала од енергетски во политички мрак.

– Со Курти и Самоопределување, Косово беше во енергетски мрак во последните шест или седум години, што ја држеше земјата во таа состојба, а сега се движи во политички мрак, рече Рамадани.

Тој посочи дека симболиката на јагленот има врска со подземните ресурси на Косово, критикувајќи го недостатокот на инвестиции во енергетскиот сектор и купувањето електрична енергија од странство.

– Пораката и симболиката на јагленот, е дека Косово лежи на јаглен, но електрична енергија не се произведува, рече Рамадани.

Според него, во изминатите години, околу милијарда евра се потрошени за купување електрична енергија од Србија и други земји, обвинувајќи дека од оваа ситуација профитирала „енергетската мафија“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk