logo
logo
logo

Детето во автомобил под сонце, родителите на шопинг под клима

Vecer | 13.08.2026

Детето во автомобил под сонце, родителите на шопинг под клима

Родители од Босна и Херцеговина се под истрага во Пореч откако го оставиле своето малолетно дете само во заклучен автомобил пред трговски центар и заминале на шопинг.

Според информациите од Полициската управа на Истра, станува збор за 39-годишен маж и 31-годишна жена, кои го оставиле детето во возилото со затворени прозорци на паркингот пред трговскиот центар.

Посетителите го забележале детето во автомобилот без облека и испотено, по што веднаш ги алармирале сите надлежни служби: итна медицинска помош, противпожарната служба и полицијата.

Детето било оставено самo во заклученото возило речиси еден час. По пристигнувањето на полицајците, родителите се појавиле на паркингот и го отклучиле автомобилот, по што детето било веднаш извадено.

Медицинскиот преглед покажал дека детето, за среќа, нема повреди. И покрај тоа, хрватската полиција го третира случајот со најголема сериозност поради прекршување на правата и безбедноста на детето, а по целосното утврдување на сите околности најави соодветни мерки против родителите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk