Изнајмен авион „Ер трактор“ принудно слетал во морето во Егејското Море, откако пилотот пријавил проблеми со моторот. Инцидентот се случил во неделата, во доцните попладневни часови, во областа Валти во Грција. За среќа, пилотот успеал да се спаси и во инцидентот нема човечки жртви.
На местото прв пристигнал рибарски чамец, чиишто членови го спасиле пилотот и го евакуирале од морето. Во меѓувреме, по пријавата за инцидентот, кон областа биле упатени и три пловила на крајбрежната стража.
Инцидентот доаѓа во период кога Грција се соочува со сериозни пожари и интензивно ги користи воздушните сили во борбата со огнената стихија.
Ова лето во земјата веќе беа регистрирани и два инцидента со хеликоптери ангажирани во противпожарни операции. Во првиот случај, хеликоптер при полнење вода се урна во езеро, но пилотите, за среќа, преживеаја.
Неодамна, пак, два хеликоптери директно се судрија, при што едниот се урна, а во несреќата загинаа двајца члена на екипажот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата