ВИДЕО | ТРАГЕДИЈА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Се урна воен хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко - тројца загинати и 12 повредени

Vecer | 29.10.2026

ВИДЕО | ТРАГЕДИЈА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Се урна воен хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко - тројца загинати и 12 повредени

Воен хеликоптер на ЕУФОР се урна во местото Горице, кај Брчко, во Босна и Херцеговина. Леталото е целосно уништено, а локалните медиуми објавија неофицијални информации за три загинати лица. ЕУФОР потврди дека спроведува истрага.

Во местото Горице, во близина на Брчко, во Босна и Херцеговина, се урнал воен хеликоптер на ЕУФОР. Леталото е целосно уништено, а според неофицијални информации во несреќата загинале три лица. Од ЕУФОР потврдиле дека во инцидентот учествувало нивно летало, но во првичното соопштение не ги потврдиле информациите за загинатите.

Од ЕУФОР потврдиле дека несреќата се случила во текот на рутинска операција во областа на Брчко.

„ЕУФОР може да потврди дека денеска, за време на рутинска операција во областа на Брчко, се случила несреќа во која се урнало едно од нашите летала“, соопштиле од меѓународните сили.

Оттаму навеле дека во несреќата нема повредени цивили и дека не се оштетени цивилната инфраструктура, имотот или возилата.

„ЕУФОР спроведува целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објави повеќе информации кога ќе бидат утврдени фактите и кога ќе биде соодветно“, се наведува во соопштението.

Од ЕУФОР истовремено ги повикале граѓаните да не шират дезинформации за несреќата и да ги следат исклучиво официјалните канали за информирање.

На местото на падот веднаш пристигнале припадници на полицијата на Дистриктот Брчко, пожарникари и екипи на итната медицинска помош. Поширокото подрачје било обезбедено, а се очекува полицијата дополнително да ја информира јавноста за околностите на несреќата. Причините за падот засега не се познати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk