logo
logo
logo

ЕДЕН ЗАГИНАТ, ПОВЕЌЕ ПОВРЕДЕНИ: Автомобил удрил во запрено возило кај Нови Пазар

Vecer | 06.09.2026

ЕДЕН ЗАГИНАТ, ПОВЕЌЕ ПОВРЕДЕНИ: Автомобил удрил во запрено возило кај Нови Пазар

Тешка сообраќајна несреќа синоќа го прекина сообраќајот на главниот пат Нови Пазар–Рашка во Србија, при што еден човек го загубил животот, а повеќе лица се повредени. Според неофицијалните информации, автомобил удрил во запрено возило, а засега нема прецизни податоци за точниот број на повредени и сериозноста на нивните повреди. На местото веднаш пристигнале полицијата и екипите на Итната медицинска помош, додека сообраќајот е во прекин. Повeќе детали за трагичниот настан се очекуваат од надлежните институции.

Според првичните информации, едно возило поради дефект било запрено на коловозот, кога во него удрило друго возило. Околностите под кои се случила несреќата сè уште не се официјално потврдени.

Повредените се пренесени во Општата болница во Нови Пазар.

На местото се наоѓаат полицијата и екипи на Итната помош, а сообраќајот е запрен поради увидот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk