„Еден загинат и седуммина повредени“: ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО МЛАДЕНОВАЦ – „Ауди“ се заби во автобус

Vecer | 19.08.2026

„Еден загинат и седуммина повредени“: ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО МЛАДЕНОВАЦ – „Ауди“ се заби во автобус
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Тешка сообраќајна несреќа се случила ноќеска околу полноќ во Младеновац, во која животот го загубил 42-годишниот М.Ј., откако автомобил „Ауди“ се забил во автобус. Од силината на ударот, автомобилот излетал од коловозот, а во несреќата биле повредени и возачот на автобусот и седум патници. Повредените, меѓу кои имало и седум млади лица, биле итно пренесени во Ургентниот центар.

Според првичните информации, трагедијата се случила кога возачот на „аудито“, од засега непознати причини, преминал во спротивната сообраќајна лента и директно удрил во автобусот.

Поради силината на ударот, „аудито“ отскокнало од патот и силно удрило во бетонската ограда покрај коловозот.

Автомобилот бил целосно уништен, а на несреќниот возач не можело да му се помогне. Лекарите од итната помош и припадниците на надлежните служби можеле само да констатираат смрт откако го извлекле од возилото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk