logo
logo
logo

Додека туристите се капеле ги демнел нивните торби, уапсен 25 годишен србин во Будва

Vecer | 13.08.2026

Додека туристите се капеле ги демнел нивните торби, уапсен 25 годишен србин во Будва

25 годишен српски државјанин е уапсен под сомнение дека крадел торби од гости на плажите во Будва во текот на летото. Според црногорската полиција, тој е осомничен за кражба на голем број торби со пари, вредни предмети и лични документи во областа на Будва.

„ Полициските службеници на Одделот за безбедност во Будва, постапувајќи по пријави од граѓани дека им се украдени лични предмети, пари и лични документи, спроведоа интензивни активности за идентификување и лоцирање на сторителот, при што идентификуваа млад маж (25), државјанин на Република Србија, за кого постои сомнение дека извршил повеќе кривични дела кражба“ соопшти црногорската полиција.

Преку ефикасна координација и спроведување на целна полициска операција наречена „Заседа“, службениците успеаја да го лоцираат осомничениот, по што тој беше однесен во просториите на Одделот за безбедност во Будва.

„За инцидентот бил известен надлежниот државен обвинител при Основното државно обвинителство во Котор, кој наложил младиот осомничен да биде лишен од слобода поради сомнение за сторено продолжено кривично дело кражба, а заедно со кривична пријава да биде спроведен во обвинителството за понатамошна надлежност и дејствие“ додават од Управата на полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk