logo
logo
logo

Хрватска може ПРИВРЕМЕНО ДА ГО ИСКЛУЧИ ЕЕС системот поради долгите колони на границите

Vecer | 19.07.2026

Хрватска може ПРИВРЕМЕНО ДА ГО ИСКЛУЧИ ЕЕС системот поради долгите колони на границите

Метежот на границата на Хрватска со доаѓањето на летото стана огромен, а Системот за влез/излез (ЕЕС) дополнително ја забавува контролата на влезот на патниците во Европската Унија. Сепак, тој систем може да биде привремено суспендиран, што Хрватите и го користат по потреба.

Хрватската радиотелевизија објави ТВ-прилог за метежот на граничните премини и аеродромите во Хрватска со оглед на целосната примена на ЕЕС (EES), која започна пред неколку месеци.

Тие истакнуваат дека тој систем е можно и да се исклучи кога на границата има преголем метеж. Тогаш не треба да се земаат биометриски податоци од патниците, но пасошката контрола е задолжителна.

„Во вонредни ситуации, кога очекуваме дека должината на чекањето ќе биде над 45 минути, имаме право делумно да го суспендираме ЕЕС, а тоа значи да се креира досие, но од лицето да не се земаат биометриски податоци – односно слика од лицето и отпечаток од прст“, објасни Јосо Вујиќ, раководител на Службата за граници при Сплитско-далматинската полициска управа.

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ, ја потврди таа можност, наведувајќи дека повремено ја користат.

„Постојат некои можности за краткотрајна привремена флексибилност и ние го користиме тоа доколку се покаже потреба. Сепак, ова е систем кој пред сè е наменет за безбедноста на граѓаните на ЕУ и тој како таков дополнително ќе се усовршува“, наведува ресорниот министер во Хрватска, Давор Божиновиќ.

Тој исто така истакнува дека со досегашната работа на ЕЕС системот на 5.000 лица им бил спречен влезот во Европската Унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk