Крвава пресметка во ноќен бар: Млад Португалец убиен на плажа во Ксамил

Vecer | 20.08.2026

Крвава пресметка во ноќен бар: Млад Португалец убиен на плажа во Ксамил
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Албанската полиција соопшти дека уапсила маж кој е осомничен за убиство на 20-годишен португалски државјанин. Злосторството се случило рано утрото во вторникот во Ксамил, на југот на Албанија, пишува „Албаниан дејли њуз“.

Жртвата е идентификувана како Луис Мигел Варела Мендес. Според полицијата, конфликтот започнал во барот на плажата „Принсипотес“, наводно по расправија поврзана со девојка. Неколку келнери биле обвинети дека ја удирале жртвата пред тепачката да се пресели на плажата во соседниот бар „Парадајс“.

Таму, како што вели полицијата, 29-годишниот Давид Ертевен продолжил да го удира Мендес, додека 29-годишниот чувар Сократ Вата неколку пати го избодел со нож. Осомничениот за убиството е познат и под името Сократ Липан. Тој е уапсен во вторникот утрото во местото Леван кај Фиер, откако полицијата го пронашла како се крие во багажникот на еден автомобил.

A night out in Ksamil ended in the killing of 20-year-old Portuguese tourist Luis Miguel Varela Mendes. According to Albanian police, the confrontation began inside the Principotes beach bar, allegedly after a dispute involving a girl. Several waiters are accused of punching the… pic.twitter.com/zCyBL7xFV9

— Shqiptarja.com (@shqiptarjacom) August 19, 2026

Полицијата извести дека Липан го превезувале кон Тирана во автомобил со кој управувала 31-годишната турска држајанка Езги Перлак. Во возилото се наоѓал уште еден турски државјанин, 38-годишниот Нух Махмутоглу. Властите тврдат дека го познавале осомничениот и го сокриле во автомобилот за да му помогнат да го напушти подрачјето.

Во рамките на истрагата, полицијата приведе 41 лице на разговор во полициската станица во Саранда. Уапсени се вкупно 10 лица. Освен Липан, уапсени се Перлак, Махмутоглу, Серџи Селими (24), Ервис Бунци (24), Илди Чекани (21), Мурат Жабина (27), Миосид Матушај (24), Лучијано Сефери (44), Ромео Шеху (35) и Кристи Коши (29).

Полицијата наведува дека уапсените албански државјани се жители на различни градови и региони во Албанија, додека Перлак и Махмутоглу се турски државјани. Властите исто така распишаа потрага по Ертевен и 36-годишниот Беким Булица, двајцата од Тирана, поради поврзаност со истрагата.

Полицијата и обвинителството продолжуваат да работат на утврдување на сите околности за убиството и улогите на сите лица кои наводно биле вмешани. Истрагата сè уште е во тек, пишува „Албаниан дејли њуз“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk