logo
logo
logo

Стаса ферман до Тирана: ЗА БРИСЕЛ ПОВАЖНИ СЕ ПТИЦИТЕ ОД БИЗНИСОТ НА ТРАМП

Vecer | 07.06.2026

Стаса ферман до Тирана: ЗА БРИСЕЛ ПОВАЖНИ СЕ ПТИЦИТЕ ОД БИЗНИСОТ НА ТРАМП

Голем луксузен туристички комплекс на заштитениот албански брег, поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, предизвикува протести во момент кога земјата напредува кон членство во Европската Унија.

На само осум километри од Валона, инвеститорите планираат проект кој може да стане еден од најголемите туристички потфати во историјата на земјата. Компанијата наведува дека инвестицијата би можела да надмине четири милијарди евра и да отвори повеќе од 10.000 работни места. Премиерот Еди Рама го опиша проектот како стратешка инвестиција што може да ја позиционира Албанија меѓу водечките светски туристички дестинации.

Европската комисија ја предупреди Албанија дека изградбата на луксузен одморалиште поврзано со Џаред Кушнер може да го загрози нејзиниот пат кон членство во ЕУ.

Брисел соопшти дека проектот во заштитено подрачје може да ги прекрши еколошките прописи на ЕУ, особено Поглавјето 27 за животната средина и климатските промени.

ЕУ ја повика Тирана повторно да ги разгледа измените во законот за заштитени подрачја и стратешки инвестиции. Албанските власти веќе ја суспендираа изградбата и најавија проценка на влијанието врз животната средина.

Протестите против проектот се одржуваат во Албанија веќе една недела.

Еди Рама е пред битна одлука, и избор: да запре проект од интерес за Доналд Трамп или да прими вето од Брисел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk