logo
logo
logo

Од Вашингтон до косоварката Вјоса Османи: ТАА ЛАЖЕ!

Vecer | 10.03.2026

Од Вашингтон до косоварката Вјоса Османи: ТАА ЛАЖЕ!

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, се најде на мета на остри критики и директно негирање од страна на придружбата на Доналд Трамп, откако се обиде да ја прикаже новата американска администрација како силен сојузник на Приштина.

Што тврди Вјоса Османи?

Според профилот „kos_data“ на мрежата X, Османи изјавила дека „втората администрација на Трамп е најпрокосовски ориентирана американска администрација од времето на Џорџ Буш, кога Косово прогласи независност“. За дополнително да го нагласи ова тврдење, Османи додаде дека претходната, администрацијата на Бајден, постојано барала отстапки од Приштина.

Сепак, обидот да се додворува на новата администрација во Вашингтон наиде на брз и брутален одговор од таборот на Трамп. Нејзините тврдења беа директно отфрлени со остри зборови на сметка на сегашното раководство во Приштина:

Таа лаже. Тимот Курти-Османи беше катастрофа и сите можеме јасно да го видиме тоа. Таа ќе каже апсолутно сè заради сопствениот политички опстанок“, одговори претставникот на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk