logo
logo
logo

Изненадување од Атина

Македонци, КУПУВАТЕ СТАН ВО ГРЦИЈА? - Ве чека пет пати поскап данок!

Vecer | 22.09.2026

Македонци, КУПУВАТЕ СТАН ВО ГРЦИЈА? - Ве чека пет пати поскап данок!

Македонските граѓани што планираат да купат стан во Грција ќе се соочат со значително повисок данок. Стапката за физички лица од земји надвор од ЕУ без статус на долгорочни жители ќе скокне од 3 на 15%, па за стан од 200.000 евра данокот ќе порасне од 6.000 на 30.000 евра.

Со дополнителната давачка за локалната самоуправа, вкупното даночно оптоварување практично ќе изнесува 15,45%, наместо сегашните 3,09%.

Купувачите добиваат време до јули

Новата стапка нема да почне да се применува веднаш. Грчките власти го одредија 1 јули 2027 година како датум за старт, оставајќи дополнително време за трансакциите што веќе се во тек.

Тоа може да биде важен детал и за македонските граѓани што веќе преговараат за стан во Грција. „Прото тема“ пишува дека пазарот очекува забрзување на трансакциите пред новата стапка да почне да важи, иако преодните одредби треба дополнително да се прецизираат во законската постапка.

Кај стан од 800.000 евра, според истата пресметка, основниот данок би скокнал од 24.000 на 120.000 евра – разлика од 96.000 евра.

Новата стапка не важи за секој имот

Промената е насочена кон купувачите од т.н. трети земји. Македонските државјани влегуваат во оваа категорија бидејќи Македонија не е членка на ЕУ или Европскиот економски простор.

Но, новата стапка нема да важи автоматски за секој македонски купувач. Исклучени се лицата што имаат статус на долгорочни жители, а мерката се однесува на физички, не на правни лица.

И видот на недвижноста прави важна разлика. Данокот од 15% ќе се применува при купување станбен имот, но не и за деловни простории, земјиште и други категории недвижности.

Грчките власти го образложуваат повисокиот данок со силната побарувачка од странски купувачи, која според нив придонесува за раст на цените и им го отежнува пристапот до домување на локалните жители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk