Подготовките за создавање суверена држава на Бекташкиот ред во Тирана влегуваат во нова фаза, при што раководството работи на идните институции, дипломатски мрежи и сопствени симболи, пишува францускиот специјализиран медиум Intelligence Online.
Проектот, кој беше најавен од албанскиот премиер Еди Рама во септември 2024 година, предвидува создавање енклава од околу 11 хектари (четвртина од Ватикан), со цел таа да стане најмалата држава во светот. Се очекува албанските власти официјално да го потврдат нејзиниот статус во следните месеци.

Сопствена валута, пасоши и меѓународна дипломатија
Според извештајот, бекташките лидери ја разгледуваат можноста за издавање сопствени пасоши и воведување нова валута наречена „бек“, која би била индексирана според цената на златото.
Духовниот водач Баба Монди (Едмонд Брахимај) веќе остварува средби со странски делегации во седиштето во Тирана, меѓу кои и претставници на израелското Министерство за надворешни работи.
Едновремено, Редот формираше дипломатска мрежа во странство под раководство на генералниот амбасадор Крешник Грезда.
Безбедносни и деловни партнерства
Францускиот медиум ја истакнува и улогата на компанијата DataSentinel Balkans, каде соавтор е Вардар, а како советници се вклучени францускиот бизнисмен Жулиен-Жерар Рош и Жан-Кристоф Клотенс, поранешен француски жандарм со искуство во антитероризам. Компанијата соработката ја базира со француските фирми Cyber ICS (сајбер-безбедност) и Terra OSINT (анализа на операции на влијание).
Со ова се потврдува дека проектот за бекташката држава во Тирана не се ограничува само на посебен територијален статус, туку активно гради сопствени дипломатски, бизнис и безбедносни структури.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата