logo
logo
logo

Полицајци во службена кола имале с*кс со мажена жена, НО СОПРУГОТ ГИ НАШОЛ И...

Vecer | 15.07.2026

Полицајци во службена кола имале с*кс со мажена жена, НО СОПРУГОТ ГИ НАШОЛ И...

Во Хрватска е отворена истрага по објавувањето на видео снимки на кои, според хрватските медиуми, се гледаат полициски службеници како во службено полициско возило имаат интимен однос со мажена жена. Снимките, наводно, ги објавил нејзиниот сопруг, по што случајот предизвика силни реакции во јавноста.

Според информациите, случајот се однесува на полициски службеници од подрачјето на Пожега, а хрватското Министерство за внатрешни работи веднаш започнало внатрешна контрола за да ги утврди сите околности.

Надлежните засега не соопштуваат повеќе детали поради тековната постапка, ниту потврдуваат колку полициски службеници се опфатени со истрагата. Доколку се утврдат прекршувања на службената должност, против инволвираните ќе бидат преземени дисциплински мерки, а можно е и покренување други постапки во зависност од резултатите од истрагата.

Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и во хрватската јавност, каде се отвори дебата за професионалното однесување на полициските службеници и користењето на службените возила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk