logo
logo
logo

ТУРИСТИЧКИ БУМ ВО АЛБАНИЈА

АЛБАНИЈА РУШИ ТУРИСТИЧКИ РЕКОРДИ - Над 5 милиони странци само за шест месеци

Vecer | 25.07.2026

АЛБАНИЈА РУШИ ТУРИСТИЧКИ РЕКОРДИ - Над 5 милиони странци само за шест месеци

Во првите шест месеци од годинава АЛбанија ја посетиле над девет милиони домашни и странски патници, што преставува зголемување од 6,6 отсто во однос на истиот период лани. Од нив, повеќе од пет милиони се странски туристи. 

Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто.

Само во текот на месец јуни, на територијата на оваа земја влегле 2.081.649 албански и странски државјани, или 0,9 отсто повеќе отколку во јуни 2025 година. Од нив, 1.346.279 биле странски државјани, со годишно зголемување од 1,3 отсто, додека 735.370 биле албански државјани.

Во текот на јуни, 2.008.987 албански и странски државјани ја излегле од Албанија, или 4,7 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година.

“Според регионите на потекло, поголемиот дел од странските посетители продолжуваат да доаѓаат од Европа. Јужна Европа учествува со 66 отсто од европските пристигнувања, додека Централна и Источна Европа со 14 отсто, наведува ИНСТАТ.

Податоците исто така покажуваат дека 98 отсто од странските државјани влегле во Албанија за лични цели, показател кој е зголемен за 1,6 отсто во споредба со јуни 2025 година. Во меѓувреме, влезовите за деловни и професионални цели бележат намалување од 17,7 отсто.

Бројот на туристи, според министерството за туризам, не е според очекувањата, врз што влијание имаат протестите кои речиси два месеца се одржуваат во Тирана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk