logo
logo
logo

“Ако Америка побара, КОСОВО МОРА ДА ГИ ПРИМИ АВГАНИСТАНЦИТЕ“

Vecer | 15.08.2021

“Ако Америка побара, КОСОВО МОРА ДА ГИ ПРИМИ АВГАНИСТАНЦИТЕ“

Последните денови во албанските медиуми кружеа информации дека САД ќе побараат од Албанија и Косово  привремено да преземат Авганистанци кои се бореле против Талибанците во нивната земја.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, смета дека Косово треба да позитивно да одговори на можното барање за сместувањето на Авганистите, ако тоа го побараат од САД.

"Не знам дали Американците бараат Косово да се прими и згрижи Авганистанците кои бегаат оттаму, и се изложени на опасност како пријатели и поддржувачи на сојузничките сили во Авганистан. Би сакал, ако тоа се случи, владата на Косово да одговори позитивно на барањето, заради својата чест и честа на Косово", напиша Рама на Фејсбук.

Тој, исто така, вели дека е загрижен во врска со животот на авганистанските соработници на Алијансата, по повлекувањето на војската на САД од Авганистан.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk