logo
logo
logo

Крајниот рок е 10 август

БАЛКАНСКИТЕ КАМИОНИ ПРЕД ПРИНУДЕН СТОП - Шенгенските правила го сечат извозот, превозниците бараат итен спас

Vecer | 16.07.2026

БАЛКАНСКИТЕ КАМИОНИ ПРЕД ПРИНУДЕН СТОП - Шенгенските правила го сечат извозот, превозниците бараат итен спас

Четири земји од регионот – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора – ѝ дадоа рок на Европската комисија до 10 август да најде системско решение за престојот на професионалните возачи во Шенген зоната. Во моментов, нивниот престој е строго ограничен на максимум 90 дена во период од шест месеци, што создава сериозни пречки за меѓународниот транспорт, пишува Н1.

Каде заглавија преговорите за визите?

Главниот проблем во преговорите со Брисел се врти околу примената на таканаречената „Д-виза“. Иако Европската комисија претходно го предложи ова како решение, сè уште нема јасна потврда дали оваа виза ќе овозможи неограничено движење низ цел Шенген или пак правото на подолг престој ќе важи само за земјата што ја издала визата.

Дополнителна пречка е што земјите од ЕУ немаат усогласен став. Хрватска веќе воведе ваков модел со измени во законот, но тој е строго ограничен на извоз и увоз на хрватска стока и не го решава проблемот со транзитот. Од друга страна, Италија и Словачка покажуваат отвореност за изнаоѓање решение, додека Унгарија е порезервирана и инсистира исклучиво на билатерален пристап со секоја држава поединечно.

Сериозен ризик за бизнисот и економијата

Доколку камионите запрат, огромни последици ќе претрпат и извозниците кои целосно зависат од овие транспортни услуги. Превозниците од Западен Балкан се клучни за овој дел од пазарот бидејќи компаниите од ЕУ воопшто не сакаат да возат во регионот поради огромните чекања по границите и бавните царински процедури. Додека се чека одговор од Брисел, транспортните компании веќе трпат огромни штети затоа што камионите стојат во место, а фиксните трошоци за плати, кредити и лизинзи мора редовно да се плаќаат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk