logo
logo
logo

СИЛНА ДЕТОНАЦИЈА ВО СПЛИТ - Сè е ограничено со полициска лента

Vecer | 12.08.2026

СИЛНА ДЕТОНАЦИЈА ВО СПЛИТ - Сè е ограничено со полициска лента

Граѓаните на Сплит утрово ги изненадија полициски ленти и блокирана сообраќајница на улицата „Велебитска“, каде што можело да се забележи и оштетено бело патничко возило.

Од сплитската полиција за „Слободна Далмација“ потврдија дека ноќеска, околу 00:50 часот, дошло до експлозија во внатрешноста на паркиран автомобил. Во инцидентот нема повредени лица, а според првичните информации од терен, не е предизвикана материјална штета на околните објекти ниту на другите паркирани возила.

Поради вршење увид и прибирање докази, полицијата привремено затвори за сообраќај цела делница од улицата „Велебитска“, на потегот од раскрсницата со улицата „Бруно Бушиќ“ до раскрсницата со „Дубровачка“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk