logo
logo
logo

Шок во Хрватска: НАПАДНАТО И ВАНДАЛИЗИРАНО СВЕТИЛИШТЕТО НА БОГОРОДИЦА ВО МЕЃУГОРЈЕ

Vecer | 28.07.2026

Шок во Хрватска: НАПАДНАТО И ВАНДАЛИЗИРАНО СВЕТИЛИШТЕТО НА БОГОРОДИЦА ВО МЕЃУГОРЈЕ

Светилиштето на католиците во Хрватска, Меѓугорје, беше потресено од сериозен инцидент во вторник откако еден човек запали пожар на надворешниот олтар на црквата Свети Јаков, каде што беа оштетени олтарот и статуата на Пресвета Богородица.

Сè започна кога непознат маж запали пожар на надворешната страна на олтарот на црквата Свети Јаков во Меѓугорје, при што статуата на Пресвета Богородица беше оштетена и осквернета.

Веста за вандализмот официјално ја потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретвскиот округ (MUP HNŽ), нагласувајќи дека сите расположиви сили веднаш биле испратени на терен со цел брзо идентификување и пронаоѓање на сторителите.

Вандализмот што предизвика негодување кај мештаните и аџиите имаше брз епилог - полицијата набрзо лоцираше и уапси осомничен маж, наводно полски државјанин, во градот Черно.

Осомничениот за осквернувањето на светилиштето на Пресвета Богородица во Меѓугорје беше уапсен денес во близина на тоа место. Маж, за кој се верува дека е полски државјанин, беше уапсен кратко пред 13 часот во градот Черно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk