logo
logo
logo

БАЛКАНСКИОТ КРИМИНАЛ ДИРЕКТНА ЗАКАНА ЗА САД - Алармираат од Стејт департментот

Vecer | 25.05.2026

БАЛКАНСКИОТ КРИМИНАЛ ДИРЕКТНА ЗАКАНА ЗА САД - Алармираат од Стејт департментот

Криминалните мрежи од Западен Балкан се закана за националната безбедност на САД, се наведува во најновиот извештај на Стејт департментот до Конгресот. Вашингтон алармира дека овие групи се поврзани со глобални нарко-картели и терористички организации, со што директно влијаат врз безбедносната ситуација во Америка преку шверц на дрога, перење пари и сајбер криминал.

Поради ова, САД ја менуваат својата стратегија во регионот – се напушта моделот на „градење држави“ и се преминува кон партнерство со цел локалните институции сами да се справат со криминалот.

Во извештајот се нотира и засиленото влијание на Русија (преку енергетиката и етничките тензии) и Кина (преку инвестиции и кредити). Како одговор, САД најавуваат поддршка за енергетски и транспортни проекти за да ја намалат зависноста на Балканот од Москва. Пораката на Вашингтон е децидна: борбата против балканскиот криминален синдикат продолжува со сите расположливи средства на глобално ниво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk