Црногорксата полиција вчера уапси државјанка на Македонија, откако во населба во Улцињ со автомобил брутално прегази куче, а потоа се обидела да побегне, според неофицијалните информации од полицијата, таа била фатена на граница пренесува РТЦГ.
Полицијата во Улцињ околу 16:00 часот добила пријава дека едно лице прегазило куче кое имало сопственик. Многу брзо го пронашле возилото и го идентификувале женското лице кое го управувало автомобилот, државјанка на Северна Македонија, која била спроведена во просториите на ОБ Улцињ.
Таа се обидела да ја напушти земјата, но полицијата ја спречила во тоа. Истрага ќе се спроведе на лице место, а за настанот е информирана и ОДТ, која ќе извести за злосторството.
На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео, објавено од Марта Дармановиќ, на кое се гледа како кола прегазува шарпланинско куче, а зад возилото има и уште едно мртво куче. Според неофицијални информации, станува збор за кучето на уапсената жена, кое било нападнато и усмртено од тој шарпланинец.
Од невладината организација „Пријатели на животните“ побараа итна реакција од надлежните институции, за лицето кое го сторило ова кривично дело да биде гонето и најстрого казнето, согласно Законот за благосостојба и заштита на животните.
„Без разлика дали сторителите на вакви и слични кривични дела против животните се државјани на Црна Гора или странски државјани, сите мора да сносат еднаква одговорност за стореното неправо. Значи, конкретно, и во овој случај, бараме институциите да го завршат својот дел професионално и до крај, за сторителот да ја добие заслужената казна“, велат од оваа невладина организација.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата