Вести вели дека градоначалникот на Тирана, Ерион Велај, почнал да го води градот преку својата верзија на вештачката интелигенција, и покрај тоа што повеќе не е на слобода.
Тој моментално е во притвор поради обвиненија за корупција. Додека е во притвор, тој продолжува да потпишува документи и назначил двајца заменици.
Тоа е вест која со денови се врти по големите медиуми од регинот но, и од Европа.
Велиај е во притвор од февруари 2025 година по обвинение за корупција и перење пари поднесено од Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (SPAK) на Албанија, кое тој го негира. И покрај неговото затворање, тој останува законски признат градоначалник на Тирана.

Видеото со вештачка интелигенција е објавено на неговиот официјален Инстаграм профил, како синтетичкиот аватар (дигитално создадаен лик во видео форма) - стоејќи пред знамето на Албанија и општината - им се обрати на жителите и повтори ветување дека ќе им обезбеди бесплатни училишни оброци на децата во главниот град.
Фактички, тоа не е неегова лична изјава. Нечиј производ преку видео продукт создадаен од вештачка интелигенција. Но, законите за употреба на вештачката интелигенција се уште се на чекање додека таа прави хаос низ светот.
Во објава на Инстаграм на неговиот официјален профил означен како генериран од вештачка интелигенција, видео-сликите на 46-годишникот се појавуваат пред албанското и општинското знаме, наведувајќи ги неговите достигнувања на функцијата, додека го повторуваат своето ветување за бесплатни училишни ручеци за децата од градот.
„Дадов уште една обврска што никогаш нема да ја заборавам: храна во училиштата“, вели клонот на Велиај. „Ќе го одржам ова ветување дури и од оваа ќелија каде што ме затворија“.
Велиај е во затвор во крајбрежниот град Драч.
„Мојата заложничка ситуација трае веќе 20 месеци и можам да ве поздравам само со вештачка интелигенција“, вели неговиот аватар. „Ќе продолжам да работам дури и од ќелијата... Ве прегрнувам со копнеж, вас и вашите прекрасни деца“.

По неговото апсење и затворање, вонредните избори за Тирана беа закажани минатиот ноември, но беа откажани во последен момент откако Уставниот суд утврди дека не може да биде разрешен надвор од нормалните демократски процеси.
Велиај им доделил должности на неколку заменик-градоначалници додека е во затвор, но останува официјален градоначалник на градот до локалните избори што ќе се одржат во првата половина на 2027 година.
Ова не е прв пат затворените политичари да користат вештачка интелигенција за комуникација со јавноста. Во 2023 година, затворениот поранешен лидер на Пакистан, Имран Кан, користеше реклама со вештачка интелигенција за да ги поттикне граѓаните да гласаат за неговата партија Техрик-е-Инсаф за време на изборите.
Потоа, во јули, аватар генериран од вештачка интелигенција на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро се појави на почетокот на претседателската кампања на неговиот син Флавио. Болсонаро беше во домашен притвор и му е забрането да учествува во дискурси или настани поврзани со изборите но, сега учествува на актуелните избори во Бразил.

Додека Велиај и неговиот правен тим тврдат дека тој сè уште има овластување да ги извршува градоначалничките обврски од својата ќелија (како што е одземање на овластувањата на заменик-градоначалникот), критичарите и правните аналитичари го сметаат користењето на аватар со вештачка интелигенција од затвор како невиден и надреален развој во албанската политика.
Но, иако се трви дека ова е “невиден“ случај во Албанија - не е така.
Ова не е прв пат албанските функционери да бидат провокативни со вештачка интелигенција. Во есента 2025 година, албанскиот премиер Еди Рама ја претстави Диела - дигитално создаден вештачки лик, првиот виртуелен министер во светот управуван од вештачка интелигенција, кој беше официјално назначен во владиниот кабинет и задолжен за искоренување на корупцијата во процесите на тендери и јавни набавки.
Неколку месеци по назначувањето, Диела беше критикувана кога жената чиј лик беше искористен за нејзиното лице и глас се спротивстави на употребата на нејзиниот лик за министерска позиција.
Дали технологијата со вештачката интелигенција се надмина себеси? Дали аватар е персона или не е. Дали оваа технологија може да се применува, а да е законски прифатлива? Дали е можна измама од страна на креторите кои можат да креираат било чиј лик во дигитално видео и со негов глас со значително, па и огромно влијание во јавноста?
Дали човек, функционер, од затвор кој чека судење за корупција може да издава наредби и да дава одлуки битни за јавноста и закинитоста? Може! Кај нас е докажано дека може кога шефицата на СЈО Катица Јанева од затвор потпиша предавање на предметите од СЈО на Јавното обвинителство и тогашното судство тоа го прифати.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата