„НАСКОРО ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА“

Vecer | 10.06.2026

„НАСКОРО ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека планира наскоро да поднесе оставка од таа позиција.

Во емисијата „У среду со Бојан Билбија“ на Првата програма на Радио Белград, Вучиќ одговори „можеби порано“ на прашањето дали планира да поднесе оставка за три или четири месеци.

„Почнав да пакувам книги во Претседателството. Имам многу книги и гледам каде да ги ставам“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека секој ден размислува за својата кандидатура за премиер и додаде дека вечерва има важен состанок.

Вучиќ исто така рече дека „изборите ќе се одржат за неколку месеци, а дали за три или четири месеци ќе бидат распошани е техничко прашање“.

„Изборите ќе се одржат за три, четири месеци. Тие нема да бидат во јули или август, а дали тогаш ќе бидат распишани е друго прашање“, рече Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk