ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ ПОЛОВИНА ТОН ДРОГА, неколкумина приведени

Vecer | 07.08.2026

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ ПОЛОВИНА ТОН ДРОГА, неколкумина приведени
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Припадниците на Управата на криминалистичката полиција (УКП) рано утринава открија и затворија илегална лабораторија за одгледување и преработка на опиоидни дроги на територијата на Смедерево.

За време на акцијата на полицијата, во објектот се пронајдени дигитални ваги за прецизно мерење и материјал наменет за пакување.

Вкупната количина на запленетата дрога се проценува на околу половина тон.

Покрај тоа, пронајдени се и:

Специјални ЛЕД и УВ ламби, пригушувачи, тајмери, греачи и автоматски системи за наводнување

Индустриски вентилатори и карбонски филтри наменети за прикривање на карактеристичните мириси

Голем број стебла во фаза на созревање, како и значителна количина веќе исушена дрога, подготвена и спакувана за понатамошна продажба

Лицата кои биле затекнати во објектот веднаш се лишени од слобода. По налог на надлежното обвинителство, на осомничените им е одреден притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на опиоидни дроги.

Осомничените, со кривична пријава, ќе бидат спроведени кај надлежниот обвинител на сослушување, додека припадниците на УКП продолжуваат со работата на овој случај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk