Запалива направа, таканаречена „огнена топка“, била испукана синоќа од територијата на Косово и Метохија кон централна Србија со цел да предизвика пожар.
Информер наишол на шокантно видео на кое се гледа „огнена топка“ како лета кон територијата на централна Србија.

За среќа, таа не предизвикала пожар, што очигледно била намерата. „Огнена топка“ е пронајдена во Брњак.
Во оваа прилика биле известени надлежната Полициска управа во Нови Пазар и дежурната обвинителка Сања Мрљеш, која наредила да се спроведе истрага.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата