Од Брисел порачаа: НЕ ПРИФАЌАМЕ НАСИЛСТВА ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА

Vecer | 27.10.2026

Од Брисел порачаа: НЕ ПРИФАЌАМЕ НАСИЛСТВА ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас фон Бекерат, синоќа, откако поддржувачите на Студентската листа упаднаа во просториите на Информер, повика да се воздржат од какво било насилство.

Бекерат, во објава на мрежата X, истакна дека оние кои сакаат да изразат критика или да поднесат жалби против кој било медиум, треба да го сторат тоа со достоинство и преку воспоставени законски, регулаторни и корегулаторни механизми.

„Насилството никогаш не е решение. Во исто време, го повторуваме повикот до РЕМ да покаже независност и интегритет во својата работа. Исто така, ги потсетуваме сите медиуми на нивната одговорност да придонесат за фер, одговорен и конструктивен јавен дискурс“, напиша Бекерат.

Синоќа, група поддржувачи на Студентската листа упаднаа во зградата на телевизијата Информер и ја прекинаа програмата, ги демолираа просториите, физички ги малтретираа и најавија нови насилства.

Групата поддржувачи на таа листа потоа се собраа пред зградата на ТВ Пинк, а потоа и пред РТС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk