logo
logo
logo

В НЕДЕЛА ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА! Вучиќ најави повлекување од претседателската функција

Vecer | 25.09.2026

В НЕДЕЛА ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА! Вучиќ најави повлекување од претседателската функција

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека оставката од функцијата претседател на Републиката ќе ја поднесе в недела, на 27 септември, во вечерните часови, како и дека граѓаните тогаш ќе можат да го слушнат и неговото образложение.

– Во недела е напорен ден, во недела навечер поднесувам оставка, мислам дека ќе биде околу осум часот навечер – им изјави Вучиќ на новинарите синоќа во Њујорк.

Тој додаде дека тогаш ќе ги наведе причините кои граѓаните ќе можат да ги слушнат.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се надева оти за два до три дена, по разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе знае повеќе за решението за прашањето за Нафтената индустрија на Србија (НИС).

На новинарско прашање во Њујорк дали сега е поизвесна сликата кога е во прашање решението околу Нафтената индустрија на Србија (НИС), Вучиќ рече дека не знае што точно да одговори, но оти се надева дека по разговорот со Путин ќе знае нешто повеќе.

Српскиот претседател изјави дека во Њујорк со секој светски лидер разговарал за одржувањето на специјализираната изложба Експо 2027 во Белград и додаде дека Србија тогаш мора да биде најдобриот домаќин во светот.

Специјализираната изложба Експо 2027 Белград ќе се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година, под темата „Игра(ј) за човештвото: спорт и музика за сите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk