Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, реагираше на интервјуто што претседателот на Србија го даде за американските медиуми.
Таа напиша на својот профил на социјалната мрежа X:
„По историската посета на Кина, одличните средби со претседателот Си, Орденот за пријателство, што е највисокото признание што може да му го додели на странски државјанин претседателот на Народна Република Кина, еве ја личната изјава на претседателот на САД, Доналд Трамп, за претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Што би рекле блокадерите - Вучиќ е во изолација, кругот се стеснува околу него, неговата надворешна политика се сруши. Па каде можете да добиете поголема изолација од ваков вид благодарност од претседателот на САД и претседателот на Кина! Рака на срце, Вучиќ успева во она што дури ни Тито не го направи.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата