Голема пожарникарска операција е во тек кај Сивири на Халкидики (Касандра), откако во попладневните часови изби пожар кој зафати ниска вегетација. Пожарот изби во ден кога на Халкидики е на сила многу висок ризик од пожари (категорија 4).
Поради пожарот активиран е системот за предупредување 112, а ситуацијата забрзано се менува. Иако првичните информации не укажуваа на евакуација, во 12:40 часот Цивилната заштита издаде итна наредба за оддалечување на оние кои се наоѓаат во пошироката зона на пожарот.
Во пораката се наведува: „Шумски пожар во вашето подрачје. Доколку се наоѓате во областа Сивири на Халкидики, евакуирајте се кон местото Мола Калива. Следете ги упатствата на надлежните.“
Пожарникарските сили се значително засилени во однос на првичната проценка. На терен сега интервенираат 110 пожарникари со 3 пешадиски екипи и 33 возила. Во акцијата учествуваат и 12 пожарникари со 3 возила од Молдавија, кои престојуваат во Грција во рамките на програмата за европска помош.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата