Хрватскиот портал Јутарњи објавува податоци од кои хрватската јавност е шокирана. Над 20.000 деца, малолетници, се лекувале лани во специјализираните клиники за деца со психолошки проблеми.
Двегодишно дете на психијатриски преглед. Седумгодишно девојче на третман за анорексија. Обиди за самоубиство кај ученици од основно училиште. Педесет хоспитализации поради обиди за самоубиство само во првите пет месеци од оваа година во најголемата хрватска институција за третман на деца и млади со ментални тешкотии.
А бројките покажуваат колку е алармантна ситуацијата.
Во Психијатриската болница за деца и млади во Загреб, таканаречената Кукуљевќева, бројот на прегледи се зголемил од 11.632 во 2021 година на 20.542 во 2025 година, или дури 76,6 проценти повеќе.
Бројот на хоспитализации се зголемил за 45,3 проценти. Во Риека КБЦ, бројот на нови пациенти речиси се зголемил тројно од 237 на 716 годишно, додека бројот на хоспитализации се зголемил за речиси 60 проценти.

Во анализите се утврдуваат причините и околностите за ваквата состојба.
Децата се заробени во виртуелниот свет на социјалните мрежи, се помалку покажуваат интерес за учење, спорт, социјализација и губат воља за конекција и комуникација со родителите, семејството, другарите од околината и учителите. Затворе во себе, прешуштени само на себе. Технологиите во кои Инстаграм или Тик-Ток утврдуваат систем на вредности, што е добро а што не, наместо забава кај малолетниците содаваат сериозни психички последици.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата