logo
logo
logo

ФОTO | ИМАЛА ОБВИНЕНИЕ ЗА БРУТАЛНО УБИСТВО, ПА ИСЧЕЗНА: Жена родена во Штип се бара во Хрватска

Vecer | 22.08.2026

ФОTO | ИМАЛА ОБВИНЕНИЕ ЗА БРУТАЛНО УБИСТВО, ПА ИСЧЕЗНА: Жена родена во Штип се бара во Хрватска

Случајот повторно го привлече вниманието на јавноста поради нејзината поврзаност со истрагата за убиството во Карловац. Б.П. минатата година се најде меѓу обвинетите во случајот со смртта на А.С. (34) од Зеница, а сега хрватските власти трагаат по неа откако е пријавена за исчезната.

Хрватскиот весник „Индекс“ објави дека полицијата во Хрватска ја пријавила како исчезната Б.П. (33), родена во Штип. Таа минатата година беше обвинета во случај поврзан со бруталното убиство на А.С. (34) од Зеница во Карловац. Според податоците на NESTALI.HR, Б.П. исчезнала на 17 август, а според досегашните информации, со себе го зела и своето малолетно дете. Исчезнувањето го истражува хрватското МВР, кој ги повикува граѓаните со информации да се обратат во полиција. Б.П. е обвинета дека знаела оти А.С. бил убиен, но со фалсификуван договор го презела сопствеништвото врз неговиот автомобил. За убиството е обвинет Ј.У. (25), кој според обвинението го омалаксал А.С., го претепал и го фрлил во реката Купа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk