СЕ БАРА ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ИСЧЕЗНАТО ВО АЛБАНИЈА

Vecer | 12.08.2026

СЕ БАРА ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ИСЧЕЗНАТО ВО АЛБАНИЈА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во областа Алто Маре во Република Албанија, објави JOQ Albania.

Според пријавата, семејството веќе подолго време го бара детето, но досега нема никаква трага од него.

Семејството ја известило и полицијата во Голем, но до овој момент потрагата не дала резултат.

Во моментот на исчезнувањето, детето било облечено во зелен костим за капење, а во раката носел пиштол-играчка на вода.

Неговата мајка, е во тешка емотивна состојба, а семејството ги повикува сите граѓани кои се наоѓаат во областа да проверат наоколу.

Секој кој го видел детето или има каква било информација за неговото движење или местоположба, веднаш да ја извести полицијата, пишуваат албанските медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk