logo
logo
logo

УЛЦИЊ ВОВЕДЕ КАЗНИ КОИ ЌЕ ВЕ СОГОЛАТ ПОВЕЌЕ ОД ПЛАЖАТА!

Vecer | 20.05.2026

УЛЦИЊ ВОВЕДЕ КАЗНИ КОИ ЌЕ ВЕ СОГОЛАТ ПОВЕЌЕ ОД ПЛАЖАТА!

Лице кое ќе се најде во костим за капење или без облека надвор од просторот за капење ќе биде казнет со парична казна од 150 до 500 евра, објавува „Вијести“ за измената на Одлуката за комунален ред, која беше усвоена на седницата на парламентот на Улцињ минатата недела.

„Заради заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредниот изглед на јавните површини, забрането е одење во костим за капење или без облека на јавни површини во урбани населби, приградски населби и туристички места на територијата на општина Улцињ, освен во просторите за капење - плажи и непосредното крајбрежје наменето за капење. Одредбата од став 1 се однесува особено на улици, плоштади, шеталишта, пешачки зони, паркови, плоштади и други јавни површини кои не се означени како простори за капење“, се наведува во новиот член од усвоената одлука.

Вториот член од одлуката прецизира дека за овој прекршок, лицето ќе биде казнет со парична казна од 150 до 500 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk