(ФОТО) НА ГЛАСАЊЕ КАКО ОД ДОМА: Србин се појави во шарен бадемантил и папучи, со куче во рацете

Vecer | 25.10.2026

(ФОТО) НА ГЛАСАЊЕ КАКО ОД ДОМА: Србин се појави во шарен бадемантил и папучи, со куче во рацете

Фотограф на порталот „Bljesak.info“ забележал несекојдневна сцена на едно избирачко место во Србија. Меѓу гласачите се појавил маж облечен во шарен бадемантил и папучи, а во рацете носел мало куче, пишува „Bljesak.info“.

Неговата необична комбинација на облека и кучето го привлекле вниманието на денот на изборите, а фотографијата го овековечила интересниот момент за време на парламентарните избори во Србија.

Граѓаните на Србија денеска на предвремените парламентарни избори го избираат новиот состав на Народното собрание. Право на глас имаат 6.451.292 избирачи.

На изборите учествуваат 18 изборни листи со вкупно 2.418 кандидати, кои се натпреваруваат за 250 пратенички места. Вкупно 8.392 избирачки места се отворени од 7 до 20 часот.

Изборниот молк е во сила до затворањето на избирачките места, а првите неофицијални резултати се очекуваат до 22 часот.

Републичката изборна комисија (РИК) претходно соопшти дека за гласање во Босна и Херцеговина се регистрирани 19.800 избирачи. За нив гласањето е организирано на 27 локации.

Foto: D.K./Bljesak.info

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk