УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ БУГАРИЈА: Во Софија застрелан поранешниот европратеник и таеквондо шампион Слави Бинев – тројца уапсени

Vecer | 24.10.2026

УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ БУГАРИЈА: Во Софија застрелан поранешниот европратеник и таеквондо шампион Слави Бинев – тројца уапсени

Слави Бинев, претседателот на Бугарската федерација за таеквондо и поранешен европратеник, бил застрелан во софиската населба „Павлово“, објавија бугарските медиуми.

Според информациите на локалните медиуми, во врска со случајот биле приведени тројца осомничени. Полицијата спроведува истрага за утврдување на околностите и мотивот за убиството.

Бинев е роден во Софија во 1965 година. Во 1992 година ја освои европската титула во таеквондо, а подоцна презеде раководни функции во спортските организации. Во политиката беше активен како европратеник и пратеник во бугарското Народно собрание, каде што ја предводеше комисијата за култура и медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk