logo
logo
logo

СЛОВЕНИЈА ГИ УКИНА контролите на границата со Хрватска и Унгарија

Vecer | 12.06.2026

СЛОВЕНИЈА ГИ УКИНА контролите на границата со Хрватска и Унгарија

Словенија ги укина контролите на внатрешната шенгенска граница со Хрватска и Унгарија.

Министерството за внатрешни работи и јавна администрација на Словенија потсети дека оваа мерка ја воведе претходната влада во 2023 година, и дека неодамна беше продолжена до 21 декември оваа година, пренесува СТА.

Мерката беше воведена поради влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот Исток и зголемениот ризик од тероризам, а откако Италија воведе гранични контроли со Словенија од истите причини.

Италија неодамна одлучи да ги продолжи контролите.

Беше наведено дека словенечката полиција, наместо да проверува документи, ќе користи различни методи на надзор на државната граница, а во исто време ќе помогне во подобрувањето на протокот на сообраќај на патиштата што се зафатени дури и без гранични контроли.

Одлуката на владата доаѓа откако Европската комисија ги повика деветте членки на Шенген зоната што воведоа привремени гранични контроли, вклучувајќи ги Словенија, Италија и Австрија, постепено да ги укинат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk