logo
logo
logo

СРБИЈА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА ЦРНОГОРЦИ, неизвесно доаѓањето на Вучиќ на самитот ЕУ-Западен Балкан

Vecer | 03.06.2026

СРБИЈА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА ЦРНОГОРЦИ, неизвесно доаѓањето на Вучиќ на самитот ЕУ-Западен Балкан

До 19:30 часот, ниту еден Црногорец не влегол во Србија преку граничните премини Гостун, Јабука и Драченовац.

Граѓаните на Црна Гора вечерва не можат да ја преминат границата со Србија, што е одговор на властите во Белград на протерувањето на повеќе од 80 српски државјани од аеродромот Тиват поради закани по националната безбедност на Црна Гора, пишуваат медиумите во Подгорица.

Според весникот „Вијести“, до 19:30 часот, ниту еден Црногорец не влегол во Србија преку граничните премини Гостун, Јабука и Драченовац.

Изворот на тој весник тврди дека станува збор за „привремена мерка што ќе трае кратко време“.

Радиотелевизија Црна Гора пишува дека сообраќајот на граничните премини е отежнат, а контролите што ги спроведува српската гранична полиција се „детални“. На снимките на МУП на Србија од граничниот премин Гостун, може да се види долга колона автомобили што чекаат да влезат во Србија.

Според изворот на РТЦГ, на граѓаните на Црна Гора им се препорачува да го следат сообраќајот на граничните премини кон Србија во реално време преку камери од граничните премини и да побараат официјални информации од српското Министерство за внатрешни работи.

Порано во среда, црногорските медиуми објавија дека полицијата забранила влез во земјата за лица од Србија кои патувале во Тиват поради наводни сомневања за субверзивни активности пред самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој би требалода присуствува и српскиот претседател Александар Вучиќ, но по овие настани тоа е неизвесно.

Сите чартер патници од тој лет подоцна биле вратени во Белград со истиот лет, објави полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk