logo
logo
logo

ГОЛЕМ ШВЕРЦЕРСКИ КАНАЛ ПРЕКУ БАЛКАНОТ: Уапсени криминалци кои шверцувале Кубанци во Европа преку Србија!

Vecer | 27.05.2026

ГОЛЕМ ШВЕРЦЕРСКИ КАНАЛ ПРЕКУ БАЛКАНОТ: Уапсени криминалци кои шверцувале Кубанци во Европа преку Србија!

Осум лица се уапсени во Шпанија, меѓу кои и двајцата осомничени водачи на криминална група која организирала шверц на кубански државјани во Шпанија преку регионот на Западниот Балкан. Бандата исто така се сомничи за измами со документи и перење пари, соопшти денеска Европол.

Криминалната мрежа го користела безвизниот режим меѓу Куба и Србија, кој беше на сила до април 2023 година, за преку српска територија да префрла Кубанци во Европа. Овој шверцерски канал е разбиен благодарение на заедничката акција на Шпанската национална полиција, Европол и Управата на криминалистичката полиција на Република Србија.

Како што се наведува во официјалното соопштение, криминалната организација, која дејствувала од Шпанија и Србија, на мигрантите им нудела комплетен „патен пакет“.

Овој пакет чинел илјадници евра и вклучувал авионски билети, лажни покани, здравствено осигурување и хотелски резервации, со единствена цел пред граничните служби да се симулира дека станува збор за легално туристичко патување. Истрагата продолжува за да се утврди точната сума на пари која бандата ја заработила преку овој нелегален бизнис.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk