logo
logo
logo

KAD JA POČEH JUNAČKI BJEŽAT... Ацо Ѓукановиќ ја напушти Црна Гора

Vecer | 05.06.2026

KAD JA POČEH JUNAČKI BJEŽAT... Ацо Ѓукановиќ ја напушти Црна Гора

Црногорскиот бизнисмен Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот црногорски премиер и претседател Мило Ѓукановиќ, ја напушти територијата на Црна Гора, потврдено е за РТВ Подгорица од безбедносниот сектор, пренесе Н1.

Против Ѓукановиќ обвинителството води најмалку два активни кривични предмети, кои се формирани по претресот на неговиот станбен простор во Подгорица и куќата во Никшиќ, потсетува РТВ Подгорица.

Управата на полицијата пред неколку месеци доставила докази до обвинителството, собрани за време на претресите.

Станува збор за документација, видеозаписи од претресите и пронајдено оружје.

Како што потсетуваат, Ѓукановиќ бил приведен и сослушан на 28 февруари, а притвор му бил одреден на 2 март.

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора во соопштение доставено до медиумите наведе дека А. Ѓ. ја напуштил земјата со судско одобрение.

„По повод наводите објавени во одредени медиуми кои се однесуваат на напуштањето на територијата на Црна Гора од страна на лицето А. Ѓ., а имајќи предвид дека станува збор за лице и предмет кои беа предмет на значајно внимание на јавноста, ја известуваме јавноста дека на именуваниот одобрение за привремено заминување во друга држава му издал судија на Основниот суд во Никшиќ“, наведуваат од Министерството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk