Неколку лица загинаа по пад на мал авион во близина на хрвстскиот град Медулин, објавија локалните медиуми.
Според моментално достапните информации, полицијата ја добила пријавата за падот на авионот околу 11:20 часот, по што сите екипи за итни случаи биле испратени на местото на настанот.
„На 4 јуни во 11:18 часот е примена пријава за пад на мал авион во областа Кампанож (во близина на аеродромот во Медулин). Сите служби за итни случаи – полиција, брза помош и пожарникари се на местото на настанот и преземаат мерки и активности во рамките на нивната надлежност“, соопшти полицијата.
Официјални лица потврдија дека во авионската несреќа загинале неколку лица. Според неофицијалните информации што ги пренесуваат хрватски медиуми, четири лица загинале, а по други две сè уште се трага.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата