logo
logo
logo

НЕМИРИ ВО СЕВЕРНА ГРЦИЈА: Мигранти ја урнаа оградата и ја нападнаа полицијата - 17 уапсени

Vecer | 23.08.2026

НЕМИРИ ВО СЕВЕРНА ГРЦИЈА: Мигранти ја урнаа оградата и ја нападнаа полицијата - 17 уапсени

Во судирите меѓу полицијата и мигрантите во прифатниот центар за мигранти на северот од Грција, пет лица се повредени, додека 17 лица се уапсени, објавија властите во недела, како што објави германската агенција ДПА.

Немири избувнаа во саботата навечер во центарот во општина Синтики, во кој се сместени околу 500 мигранти, од кои повеќето треба да бидат депортирани.

Според властите, група мигранти урнала дел од внатрешната ограда, по што почнале да фрлаат камења и други предмети кон полицајците. За време на немирите, оштетени се згради, заеднички простории, камери за надзор и други делови од објектот.

Некои мигранти успеале да пробијат дел од надворешната жичена ограда и да го напуштат објектот, кој се наоѓа во близина на границата со Бугарија.

Полицијата уапси три лица на местото на настанот, додека уште 14 лица беа пронајдени во областа кратко време по избувнувањето на немирите и исто така беа уапсени.

Пет лица беа повредени и пренесени во болница, додека 17 уапсени треба да бидат изведени пред обвинител.

Властите објавија дека за време на немирите е предизвикана материјална штета на неколку делови од прифатниот центар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk