logo
logo
logo

БОСНА ИЗБИРА ВЛАСТ - Кој ќе ја добие довербата на 3,4 милиони гласачи

Vecer | 04.10.2026

БОСНА ИЗБИРА ВЛАСТ - Кој ќе ја добие довербата на 3,4 милиони гласачи

Денес во Босна и Херцеговина се одржуваат избори, на кои 3.408.517 регистрирани гласачи избираат нови носители на власта на државно, ентитетско и кантонално ниво. Избирачките места низ земјата се отвораат утринава во 7:00 часот и ќе останат отворени до 19:00 часот.

Граѓаните можат да го остварат своето право на глас со важечка лична карта, возачка дозвола или пасош на Босна и Херцеговина.

Изборниот материјал и избирачките места се под строг надзор на полициските служби, кои спроведуваат физичко, оперативно и сообраќајно обезбедување на терен.

Изборниот молк е на сила во текот на целиот ден и трае до затворањето на избирачките места во 19:00 часот. Во овој период, на политичките субјекти строго им е забрането учество во јавни политички активности, како и какво било медиумско известување поврзано со изборната кампања.

Денес граѓаните избираат членови на Претседателството на БиХ, пратеници за Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ и Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ, претседател и потпретседатели на Република Српска, пратеници во Народното собрание на РС, како и претставници во кантоналните собранија во Федерацијата БиХ. Вкупно 7.028 потврдени кандидати се натпреваруваат за вкупно 518 мандати.

Гласањето е организирано на вкупно 5.569 избирачки места во земјата, од кои 5.121 се редовни избирачки места, а 385 се мобилни тимови.

За гласање надвор од Босна и Херцеговина се регистрирани 48.078 гласачи, од кои повеќето гласаат по пошта, додека дел од граѓаните ќе гласаат во 20 дипломатско-конзуларни претставништва на БиХ во 13 земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk